И покрај 52.000 заразени од Ковид 19, не е донесена одлука Њујорк да биде ставен под карантин и покрај вчерашното разгледување на опцијата. Жариштето на заразата, во последните денови се пренесува во САД каде се регистрирани 123.000 луѓе заразени со Ковид-19, а бројот на смртни случаи изнесува 2.200.

И понатаму состојбата е повеќе од сериозна во Италија и Шпанија каде има по повеќе од 800 починати за едно деноноќие.

Истовремено, во поранешното жариште на коронавирусот Вухан животот постепено се враќа во нормала. После два месеци метрото и возот во Вухан се во употреба, а патниците задолжително ги скенираат здравствените кодови пред влез во станиците, а во возот седат на растојание едни од други.

OhridNews