Во вторник со почеток во 19.30 минути во Центарот за Култура “Григор Прличев“ ќе се одржи премиера на претставата “Григор Прличв“. Режисерот на претставата Ацо Атанасов – Митуш, ја придвижува драмската ролја и ги координира шеснаесетте гимназијалци кои играат во претставата, воден од текстот на Миле Волканоски.
Во претставата “Григор Прличев“, претставен е ликот на охриѓанецот Прличев, на човекот, патриот и борец против фанариотите и гркоманите.

„Во вторник на  охридската публика ќе и претставиме дел од нашата реална историја за која охриѓани ни чуле ни виделе. Великанот Прличев, ќе го претставиме точно во правец на неговата литературна и духовна борба против грчкиот јазик и настојувањата истиот да биде отфрлен од употреба и заменет со македонскиот“, истакна на денешната прес –конференција,; режисерот, Ацо Атанасов-Митуш.

Во 70-те години од минатиот век,за драмскиот текст “Григор Прличев“, авторот Миле Волканоски е добитник на најпрестижните литературни награди и признанија. Текстот е пишуван врз основа на реални настани и случки.
“ Идејата да го напишам текстот се базира на еден настан кој во 1945 година ми го раскажа охриѓанката,Санта Пирузева. Нејзините кажувања за јавно употребување на словенскиот јазик во црквите во 1869 година ме наведуваа постојано да истражувам и да доаѓам до реални факти кои подоцна ги изнесов во мојот текст“, вели Волкановски.

Драмската претстава “Григор Прличев“, е втора по ред претстава која овој месец се одржува во Центарот за Култура, “Григор Прличев“, пред неа беше претставата за деца “Пепелашка“, а на почетокот од мај ќе се игра комедијата, “Жена ми се вика Борис“, во режија на Жанко Голабоски.

Ангела Белевска