Охридските љубителите на филмската уметност во вторник на 26-ти април 2016 година во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, ќе имаат можност да погледнат три кино проекции во 3Д технологија. Филмовите ќе се прикажуваат во рамки на проектот „Мобилно 3Д кино“ кој го реализира дистрибутерската куќа МЦФ МКД од Скопје.
Со почеток во 17 часот ќе се прикажува 3Д филмот „Кунг Фу Панда“. Билетот за оваа проекција ќе чини 200 денари. Во 19 часот ќе се прикажува 3Д проекцијата на филмот „Детето на Злото“ за кој влезницата ќе чини 150 денари и во 21:15 часот ќе биде прикажана 3Д проекцијата на филмот „Дедпул“ за која влезниците чинат 200 денари.
OhridNews