Првата група на туристи од земјите на Бенелукс, кои годинава ќе одмараат на Oхридската ривиера ќе пристигне во вторник на 5-ти мај 2015 година. Според најавите, чартер летот на туроператорот „Корендон“ ќе слета на Охридскиот аеродорм „Свети Апостол Павле“ во 9:40 часот, а за патниците на овој лет ќе биде организиран пригоден пречек од страна на ТАВ Македонија.

Инаку според најавите на домашните ин-каминг агенции, на 10-ти мај во Охрид ќе треба да пристигнат и првиот чартер авион на туроператорот „ТУИ Аркетравел“.

Според податоците на туроператорите кои беа објавени во медиумите, продажбата на аранжманите за Охрид бележат пораст за околу 30 проценти, споредено со истиот период минатата година. Проценките на „Корендон“ и на „ТУИ“ врз основа на сегашниот интерес за македонската туристичка понуда се дека во текот на летната сезона 2015 на Охридската ривиера и во Македонија ќе летуваат околу 25 илјади туристи од Холандија, Белгија и Луксембург.

OhridNews