Согласно Законот за заштита  на населението од заразни болести,  а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината, од Центар за јавно здравје Охрид информираат дека на 11-ти септември и 12-ти септември, вторник и среда, екипи на центарот ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 21 до 06 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување.

Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река.

Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е 231 881, 230 231.

OhridNews