Со изложба на ликовни дела на уметници од Република Македонија што ќе се одржи во Изложбениот салон на охридскиот Центар за култура, во вторник, 5-ти февруари, во 12.45 часот, ќе започнат годинешните Прличеви беседи.


Главната свеченост посветена на лауреатот за наградата „Григор Прличев“ ќе почне во 13 часот со настап на хорот при НУЦК “Григор Прличев”, по што ќе следи претставување на наградената поема за 2018 година “Крале Марко по втор пат”, артистичка изведба на поемата “Крале Марко по втор пат” од актерите Ивица Цонев и Павел Маслов. По врачувањето на Повелбата за најдобра поема за 2018 година, обраќање ќе има лауреатот Славчо Ковилоски.

OhridNews