И покрај големиот интерес на годинешните матуранти за Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, на некои од студиските насоки има слободни места кои ќе се пополнуваат на вториот уписен рок што ќе се одржи денес и утре. Интересот за запишување на оваа угледна високо образовна институција беше особено голем за насоките Туризам и Царина и шпедиција, но исто така и за студиските насоки Хотелско-ресторанска, Осигурување и Гастрономија.

На новата атрактивна студиска насока Гастрономија, исхрана и диететика, за прв пат ќе се врши упис на студенти токму на вториот уписен рок. Со оглед на важноста на гастрономијата и исхраната во туристичката бранша, преку оваа насока ќе се профилираат професионалци кои се многу барани на пазарот на труд. Токму заради тоа, како и поради повеќе децениската традиција на Факултетот, стручниот кадар и современиот пристап во студирањето, потенцијалните студенти покажуваа голем интерес за новата насока, но и за Факултетот за туризам и угостителство воопшто.

OhridNews