Вработена во компанија за рециклирање во Швајцарија открила пет живи змии во вреќа за отпадоци кога ги празнела кантите, објавила полицијата во циришкиот кантон. Петте влекачи, змии со различни бои, биле оставени во просторот за отпад на компанијата од Афолтерн-ам-Албис, во западниот дел на циришкиот кантон, од лице кое очигледно сакало да се реши од нив.
Иако неотровна, оваа врста змии со потекло од Северна Америка, многу ја исплашила вработената, соопштила полицијата. Петте змии ги прегледало стручно лице и оценило дека се во добра здравствена состојба. Меѓутоа доколку не биле пронајдени не би ја преживеале зимската ноќ.