Руската полиција во едно купе од воз, кој се обраќал на линија Санкт Петерсбург – Москва, младенче од лав, кое го купила една богата жителка на Москва, соопштила полицијата. Еден активист на организацијата за заштита на животните ја предупредил полицијата, која го пребарала возот кој синоќа допатувал во Москва, па го открила кафезот со животното.

Информативната агенција Фонтанка наведува дека активистите на интернет откриле дека една жена купила четиримесечно младенче од лав за 2000 евра и дека бара некој да го превезе животното од Санкт Петерсбург до Москва. Младенчето го продала една циркуска трупа, бидејќи истото живеело во многу лоши услови. Богатите руси се почесто купуваат егзотични животни како домашни миленици, а посебно млади диви животни.