Филмски вооружен грабеж во Прилеп на возило на “Стопанска банка А.Д. Битола” од кое се украдени околу 450.000 евра.
Настанот се случил попладнево околу 13 часот на излезот од Прилеп кон Битола, кај Паркот на Револуцијата, кога засега двајца непознати маскирани и вооружени напаѓачи со своето возило марка “Рено кампус” со жолта боја и прилепски таблици, му го попречиле патот на возилото марка “Голф” во сопственост на “Стопанска Банка А.Д. Битола”, со кое двајца службеници ги пренесувале парите.
Напаѓачите тогаш излегле од возилото и започнале да пукаат во воздух, ги принудиле службениците да излезат од возилото, при што еден од напаѓачите со пиштолот го удрил по глава еден од вработените во банката и му нанесол полесни повреди. Потоа напаѓачите го украле возилото на банката и заедно со парите во него се упатиле во непознат правец.
Од СВР Битола соопштија дека украденото возило веќе било лоцирано оставено празно на само неколку километри од настанот. Поставени биле полициски блокади во околината, а подетални и нови информации се очекуваат утре.
Општина Охрид објави јавен повик за користење на финансиски средства од буџетот за субвенционирање даватели на туристички услуги во селски, етно и еколошки туризам Целта на субвенционирањето на ова...
Во врска со најавените протести во општина Битола за 15 март во однос на локацијата за регионалната депонија во општина Новаци, Министерството за животна средина и просторно планирање информира дек...
Пред почетокот на туристичката сезона директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Билјана Стефаноска оставри состанок со хотелиерите од Охрид и Струга Од Агенцијата посочу...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.