Претседателот на Р. Македонија, Бранко Црвенковски, денеска во вилата Билјана во Охрид ќе оствари средба со високиот претставник на Европската Унија -ЕУ, во Македонија, Ерван Фуере.
На средбата ќе стане збор за актуелните случувања во земјата, кохабитацијата помеѓу институциите и евроатлантските интеграции.
Според најавите од кабинетот на претседателот по средбата не се предвидени изјави, а јавноста за разговорот ќе биде информирана преку соопштение.
Г.М.