На свеченост што вечерва се одржа во вилата „Билјана претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов го одликува поранешниот германски претседател Роман Херцог со орден „8 Септември“ – највисокото македонско државно признание што може да го добие еден странски државјанин.


Орденот на Херцог му се доделува затоа што како член на  Бадентеровата комисија придонесе Македонија, покрај Словенија, да добие препорака дека ги исполнува сите услови да се отцепи од поранешната југословенска федерација и биде независна и суверена држава.

– Бадинтеровата комисија беше составена од пет членови, секој задолжен до изготви извештај за една од републиките на поранешната Југославија. Мене ми падна најлесната задача, да направам извештај за Република Македонија, истакна Херцог.


Тој рече дека државата школски ја извршила својата задача и воопшто немал непреспиени ноќи кога препорачал признавање на независноста на Република Македонија.

– Политичките одлуки се носат врз основа на реални околности и прашања, а не поради некои формални причини, затоа за мене воопшто не беше прашање – Македонија да се признае целосно како замостојна држава, додаде Херцог.


Претходно за истите заслуги со вакво одличје се закити истакнатиот француски правник Роберт Бадентер кој беше одликуван од поранешниот претседател Бранко Црвенковски.

Ohridnews