Во виенскиот луна парк „Пратер“ биде соборени два светски рекорди. Франц Милер со својата снага го придвижил 244 тона тешкото „Пратерско тркало“, пред кој во традиционални австриски носии танцувале дури 157 парови. Милер, само со помош на една даска, која спречувала да се лизне, ја занишал гондолата се додека не започнало да се движи тркалото, кое е атракција на главниот град на Австрија. Милер, кој во Гинисовата книга на рекорди влегува по 14 пат, рекол дека сите во светот знаат за Пратерското тркало.
Иако веќе го соборил рекордот со тоа што хеликоптер му слетал на рамото, како што рекол, придвижувањето на тркалото со сопствената снага му бил еден од најважните проекти. За реализација на проектот се припремал половина година. Друг рекорд бил поставен со тоа што 157 парови, облечени во австриска народна носија, се собрале на плоштадот пред тркалото и пет минути танцувале на музика на австрискиот оркестар за наордна музика.