Австриската полиција констатирала необична кражба, односно од еден паркин во Виена исчезнала приколка во која имало 21 тон кечап и сенф. Камионот со приколката за време на викендот бил паркиран на североистокот на Виена, а кога дошол да ја испорача робата, возачот констатирал дека приколката била украдена.


Полицијата претпоставува дека крадците биле повеќе заинтересирани за приколката отколку за она што се наоѓало во неа. Претставниците на локалните власти рекле дека украдената приколка чини околу 15 илјади евра, но не прецизирале колку чинат украдените кечап и сенф.