Петото продолжение од популарниот филмски серијал „Невозможна мисија“ се снима моментално во главниот град на Австрија. Австријците со нетрпение очекуваат во својот град да ја видат холивудската ѕвезда Том Круз, кој веќе допатувал во Виена, а снимањата ќе се извршат во самиот центар на градот.
Имено, сцените ќе бидат снимани покрај виенскиот Економски факултет, како и државната опера. Првите припреми веќе се извршени и пред државната опера се поставени огради, а тука се и првите камиони на филмската продукција. Снимањата после Виена ќе продолжат во Лондон, „Невозможна мисија 5“ ќе биде прикажан во кината кон крајот на 2015 година.