Во просториите на во ООУ Страшо Пинџур во Вевчани, се одржа меѓународниот Младински турнир во шах “ЛАСКЕР 2017-Виа Игнација”, во организација на Шаховски Клуб Ласкер Охрид и под покровителство на Ресторан Виа Игнација Вевчани.
Турнирот го посети и ги поздрави натпреварувачите претседателот на шаховска Федерација на Македонија, Благоја Богоески. Натпреварувачите беа во една апсолутна категорија, со рангирање по возрасни категории и тоа до: 8 години, 10 години, 12, години, 14 години, 16 години и 18 години.
Наградени по категории:
до 8 години
Попзафиров Данаил 1 награда Бугарија
Коте Алекс 2 награда Албанија
Николовски Кирил 3 награда Македонија
до 10 години
Канов Никола 1 награда Бугарија
Златков Антон 2 награда Македонија
Гури Адриан 3 награда Албанија
до 12 години
Гаджев Денислав 1 награда Бугарија
Станковиќ Борис 2 награда Србија
Новаковиќ Алексеј 3 награда Србија
до 14 години
Терзиев Димо 1 награда Бугарија
Чолаков Николај 2 награда Бугарија
Вељаноски Андреј 3 награда Македонија
до 16 години
Петровиќ Лазар 1 награда Македонија
Чауши Алкет 2 награда Албанија
Манова Ивана 3 награда Македонија
до 18 години
Михов Филип 1 награда Македонија
Манески Давид 2 награда Македонија
Бала Клеа 3 награда Албанија
На турнирот учествуваа 81 млад шахист од Албанија, Бугарија, Србија и Македонија.
OhridNews