Во Туристички центар – Вевчани отворена изложбата “МЕТАКОСМИЈА” на двајцата врвни академски сликари Ангела Спировска и Владо Мукоски.
Изложбата ја отвори новинарот и писател Мишо Китаноски, посочувајќи дека ликовните дела се создадени во време на пандемија и претставуваат силно внатрешно емотивно доживување.
Овие ликовни дела од двајцата уметници се создадени во време на пандемија,односно кога луѓето беа приморани да се самодисциплинираат и изолираат што претставува едно силно внатрешно емотивно доживување и инспирација, рече Китаноски.
Авторите, посочи тој, гледајќи на самоизолацијата, како затворен празен меѓупростор и предизвик за инспирација, со која преку боите трагаат во „Метакосмијата“ во човекот и во неговот интимен свет.
Вевчани повторно си го враќа сјајот на културната мапа на државава вели градоначалникот Сашо Јанкоски.
Оваа изложба за прв пат се претатвува во Македонија, откако претходно беше изложена во Културениот центар во Софија.
OhridNews