Според истражувањето на Мрежата за професионализација на медиумите во Југоисточна Европа (СЕЕНПМ, медиумите од Македонија најмногу време во вестите посветуваат на домашниот политички живот и економијата.
Истражувањето кое се одвивало паралелно во 10 земји од Југоисточна Европа, покажало дека македонските медиуми не отстапуваат по однос на почитувањето на етичките и професионалните норми, а програмите се одликуваат со солидна техничка подготовка и добар презентерски стил.
Недостатоците се детектирани во однос на малата застапеност на вестите кои доаѓаат од внатрешноста на земјата, но и во известувањата за ЕУ, каде што се забележани грешки во однос на претставување на институциите, грешење во имињата на фунционерите итн., како и слаба и повремена застапеност имале вестите од социјалната заштита, образованието, културата и здравството.
ohridnews