Најмалку 13 луѓе го преживеале падот на воениот хеликоптер кој исчезна на југот од Венецуела на 30-ти декември, изјавиле роднини на патниците и членовите на екипажот.
Претходните денови венецуелските медиуми пишуваа дека во падот на хеликоптерот од типот „Ми-17“ на венецуелската војска загинале 16 лица, од кои 11 воени лица. Властите, сепак, не ја потврдија досега информацијата за загинати.
„Властите ни се јавија за да ни кажат дека тие се пронајдени, дека се живи, Лекарите ги испитуваат во градот Ла Есмералда (во сојузната држава Амазонас)“, изјавил еден од соговорниците на медиумите кои ја пренесуваат веста.
OhridNews
извор Макфакс