Водици е празник кој масовно се одбележува во земјата. Традицијата е посебна во Охрид и Дебрца и истата се негува и пренесува од генерација на генерација. Крстот за Водици се положува во осветени води во река, извор, бунар…
Во Велгошти крстот го фати Михаил Јоноски.
Најсреќен помеѓу капачите во Слатино, Дебрца, беше Златко Андревски.
Убавата традиција за Водици годинава продолжи и во другите населени места во регионот каде овој празник од секогаш се славел со посебни чувства и достоинствено.
Н.С.Ј.