Годинешната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која се организира под покровителство на општина Охрид, ќе се одржи утревечер (четврток) со почеток во 20 часот, во атарот на црквата „Св. Петка“ во селото Велгошти.
На манифестацијата, по повод 80 годишнината од раѓањето на Живко Чинго, еден од најзначаните претставници на современата македонска литература, беседа ќе одржи академик Милан Ѓурчинов, а пригодно обраќање ќе има претставник на охридската Локалната самоуправа.
Во рамки на чествувањето на авторот Димитар Димоски од Охрид ќе му биде врачена наградата „Живко Чинго“ за најдобар кус расказ, која во конкуренција на 73 раскази, ја освои на годинашниот анонимен конкурс што го распиша општина Охрид.
OhridNews