Изминатите две вечери, во охридското село Велестово по 25-ти пат се одржа манифестацијата „Поетската ноќ во Велестово“.
На самото отворање, од името на градоначалникот , топло добредојде на поетите од Македонија и Норвешка, Црна Гора, Бугарија, Словачка и Русија им посака Зоран Велјаноски, претставник на општина Охрид.
– Оваа вечер е посебна , зошто заеднички го славиме 25- годишното постоење на „ Поетската ноќ во Велестово“. Две и пол децении , благодарение на ентузијазмот на основачот Славе Ѓорѓо Димоски и многуте поддржувачи и неговите пријатели , овде се слави моќта на поетскиот збор , сликарството и воопшто моќта на уметноста.Со својата автентичност и оригиналност „Поетската ноќ во Велестово“ се наметна како посебна форма на изразување почит кон убавиот поетски збор. Токму одовде , од овие височини , сите заедно, вечерва посакуваме и во иднина да ја гледаме и почуствуваме македонската духовна вертикала , која ќе се извишува до бесконечност, рече Велјаноски.
Првата вечер беше посветена на младата македонска поезија, при што свој настап имаше ансамблот „Билјана“, а присутните имаа можност да ја видат и изложбата на академскиот сликар Александар Станкоски насловена „Поетика и Политика“.
На интернационалната поетска ноќ учествуваа поети од пет земји -Норвешка, Црна Гора, Бугарија, Словачка и Русија.
OhridNews