На новите бруцоши успех во високото образование им посака деканот на Факултетот за туризам и угостителство Софронија Миладиновски. Во Велес дисперзирани студии има и Техничкиот факултет од Битола, а на двете студиски програми годинава во овој град ќе студираат околу 300 нови бруцоши.
Во септември годинава на дисперзираните студии на Факултетот за туризам и угостителство во Велес на отсекот за царина и шпедиција дипломираа првите три студенти.