Од МВР со повеќе детали околу вчерашната сообраќајна незгода што во 18 часот се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу селата Ботун и Климештани.
Сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко возило „мерцедес“, со бугарски национални ознаки, управувано од 74-годишен охриѓанец, товарно возило „даф“ со приколка, со турски национални ознаки, управувано од лице од Турција и патничко возило „сеат алхамбра“, со австриски национални ознаки, управувано од 26-годишен жител на Лабуништа.
Во незгодата, возачот од Охрид се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Болницата „Св.Еразмо“-Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.