Во врска со вчерашната полициска акција на улицата „Марко Нестороски“, за која пишуваше OhridNews, денес од СВР Охрид со детали за настанот.
Како што информираат од СВР Охрид, акцијата беа реализирана во 18.15 часот, по барање од Секторот за градежна инспекција при општина Охрид поради постоење основи на сомнение за изведување бесправна градба.
При тоа, приведени се двајца градежни работници од струшкото село Радолишта, како и едно лице од Република Албанија.
По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.