Лажен свештеник е откриен додека во базиликата св. Петар се обидувал да ги исповеда верниците.

Ватиканскиот судија, Џијанолуиџи Мароне, рекол дека мажот имал свештеничка облека и документи, но не открил кога се случил инцидентот.


– Носеше свештеничка облека, но нашиот персонал забележа дека чудно се однесува – објаснува Мароне.

– Неговите документи и ватиканската пропусница изгледаа вистинити, но кога италијанските власти ги проверија, открија дека биле фалсификати – додал судијата.

Лажниот свештеник е обвинет за узурпирање на црквена титула.