Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Маријан Спасески, утре (четврток), во 12 часот, ќе ги стават во употреба новоизградените терени за тенис кои функционираат во рамки на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид, најави локалната самоуправа.

Како што информираат оттаму, станува збор за еден двоен и еден единечен терен, кои се изградени по најсовремени стандарди, а кои битно ќе придонесат во спортското заживување на градот и враќање на младите на спортските терени.

Во рамки на СРЦ Билјанини извори веќе функционираат двата помошни терени за голем  фудбал, едниот со природна, а другиот со вештачка трева, а во тек на
градба е затворениот пливачки базен, истакнуваат од локалната самоуправа.

OhridNews