Во седиштето на Светската организација за заштита на природното и културното наследство УНЕСКО во Париз, охридскиот градоначалник Константин Георгиески како член на државната делегација, денес оствари средби со високи претставници на УНЕСКО од Центарот за светско културно наследство, кои беа информирани за чекорите кои се преземаат во однос на имплементација на препораките и обврските дадени на сесијата што се одржа во Баку.

Претставниците на УНЕСКО имаа можност да се запознаат со реализацијата на дадените препораки, како од страна на државата, така и за конкретните чекори преземени од страна на општина Охрид.

Претставниците на УНЕСКО изразиле поддршка и задоволство за посветеноста и прогресот кој е направен. Процесот продолжува. Во ноември е најавена посета на претставници од УНЕСКО кои на терен ќе ја скенираат состојбата и постигнатиот напредок.

OhridNews