Украинскиот премиер Денис Шмихал изјави дека руската инвазија врз неговата земја уништила повеќе од 25.000 километри патишта, неколку стотици мостови и 12 аеродроми.
Околу 35 отсто од економијата во моментов не функционира, изјави Шмихал, пренесува Би-Би-Си. Тој посочи дека се уништени или оштетени и повеќе од 100 образовни институции, над 500 медицински установи и 200 фабрики, а повеќе од 300.000 квадратни километри земја е минирана или контаминирана со бомби.
Шмихал процени дека е изгубен 30 до 50 отсто од БДП на Украина, а месечниот буџетски дефицит е пет милијарди долари.
Според различни проценки, директната штета на инфраструктурата и економијата е околу 600 милијарди долари, јави Би-Би-Си.