Во едно државно училиште на југот на Индија биле тестирани физичките способности на учениците и нивното познавање на боречките вештини, на тој начин што професорите со мотори поминувале преку нивните раце и нозе. Според директорот на училиштето согласност добиле од родителите кои присуствувале на изведувањето на вежбата.
Претставници на Министерството за образование им наредиле повеќе да не ја повторуваат оваа вежба. За време на вежбата учениците легнале со лицата свртени кон земјата, а моторите им поминувале преку рацете и нозете. Учениците биле на возраст од 7 до 13 години и за среќа никој не бил повреден.