Според извештајот три четвртини од децата во Македонија не ги знаат своите права, а една третина од нив тврдат дека професорите односно наставниците не ги почитуваат нивните права. Само шест проценти од децата се запознаени со СОС – телефонски број каде можат да се обратат за помош.
Извештајот кој опфаќа едногодишен период, го изработија децата вклучени во проектот „Градење култура на детско учество“, финансиран од Европската комисија и УНИЦЕФ.