Автокомпот Љубаништа беше домаќин на државното првенство во велокрос. Трката се одржа вчера (23.01.2022) во организација на велосипедскиот клуб Спидбајк од Кичево и Велосипедската федерација на Македонија.
Оваа интересна дисциплина во велосипедизмот се одржува во зимскиот период, а Велосипедската федерација на Македонија во календарот има планирано 4 натпревари кои се бодуваат за ранг листа и на крајот се прогласува најдобриот велосипедист во велокрос дисциплината.
Оваа трка беше втора од планираните четири и поради одличната организација и патека Велосипедската федерација одлучи и третата трка да се одржи во Автокампот Љубаништа за 3 седмици. Вчерашната трка помина во одлична организација, со патека која ги исполнува нормите за одржување и на меѓународни натпревари. Иако студено, снегот и сончевото време ја надополнија одличната атмосфера.
На вчерашната трка, од сениорите најдобар пласман освои Емил Цветанов од клубот ВК Крос сајклинг, второ пласиран беше Тефик Салахи од ВК Мадал бал, а трето место беше Димитар Јованоски од клубот ВК Енерџи.
Прво место кај јуниорите беше Александар Милошевски од ВК Вело-М, второ место Немања Пауновски исто така од ВК Вело-М, а третото место припадна на Лука Димитријоски од клубот ВК Спид бајк.
Во кадетите најдобар беше Леон Милетиќ од ВК Вело- М, второ пласиран беше Андреј Маџоски од ВК Илинден, а третото место беше за Константин Костоски од ВК Илинден.
Во категоријата Мастер првото место беше за Љубиша Кондев од ВК Енерџи, на втора позиција се пласираше Дарко Блажевски од ВК Крос сајклинг, а на трето место Сенад Идризи од ВК Феникс сајклинг.
Во женска категорија на прво место Дуња Иванова од ВК Енерџи, а на второ место Анита Величковска од ВК Оксижен.
OhridNews