Министерството за одбрана на Турција соопшти дека ќе отпушти уште 820 луѓе, дел од копнените и поморските сили во рамки на справувањето со последиците по неуспешниот обид за пуч во земјата.
Досега Анкара отпушти илјадници луѓе вработени во државната администрација, но и од приватниот сектор, а илјадници други се деградирани. Тие се осомничени дека се поддржувачи на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кого турските власти го обвинуваат дека стои зад организација на неуспешниот пуч во земјата. Европската унија и САД изразија загриженост дека масовните апсења и казнувања се насочени кон политичките противници на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
OhridNews
извор РСЕ