Со пријателските натпревари во Црна Гора започнуваат подготовките на женската сениорска репрезентација  за ЕП кое од 2 декември ќе се одржува во Македонија.

Селекторот на женската сениорска репрезентација, Владимир Глигоров, го објави списокот од седумнаесет ракометарки со кои ќе патува во Црна Гора.

Македонија во Плевља ќе одигра две контроли со црногорките и тоа на 16 и на 17 овој месец.

ГОЛМАНИ
Тања Андрејева (Кикинда, Срб)
Веселинка Треноска (Ѓорче Петров)
Александра Стојков (Кабран А.)

БЕКОВИ
Елена Георгиевска (Ѓ. Петров)
Олга Бујанова (Динамо, Рус)
Мирјета Бајрамоска (Ѓ. Петров)
Јулија Партенко (Ѓ. Петров)
Наташа Коцевска (Баер Л., Гер)
Даниела Новеска (Турингер, Гер)
Марија Штериова (Ѓорче Петров)
Билјана Црвенкоска (Ускудар, Тур)
Драгица Кресоја (Ѓ. Петров)

КРИЛА
Наталија Тодоровска (Подравка, Хрв)
Драгана Пецевска (Ѓ. Петров)
Валентина Радуловиќ (Кабран А.)

ПИКЕРИ
Наташа Младеновска (Ѓ. Петров)
Робертина Мечевска (Мили Пијанго, Тур).

ohridnews