НУ Центар за култура „Григор Прличев“, во соработка со продукциската и дистрибутерска куќа „КТ Филм и Медиа“ преку проектот „Ревија на светските кинематографии“ го отвора прозорецот за кинеските културни вредности. Целта е да се изгради културен мост меѓу Македонија и Кина и да се доближи кинескиот филм до македонската публика.
Во таа насока, среда и четрток на репертоарот во Центарот за култура ќе има Ревија на кинески филмови, при што ќе бидат прикажани пет филмови од кинеската кинематографија.
Во среда, 25-ти мај, со почеток во 19 часот ќе биде проекцијата на филмот „Нарушувајќи ја тишината“, а во 20.45 часот „Мој личен мечувалец“.
Во четврток, 26-ти мај, со почеток во 17.30 часот ќе биде прикажан филмот „Лотосов фенер“, во 19 часот „Мал голем војник“ и во 20.45 часот „Двајца стануваат еден“.
Влез е 50 денари.
OhridNews