Најмладите охриѓани во вторник, 8-ми мај, во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе можат да го проследат анмираниот детски филм “Неверојатна приказна за Џиновската круша”, филм базиран на истоимената книга за деца од Јакоб Мартин Стрид.
Приказната е за две другарчиња-слонот Себастијан и мачката Мичо кои се впуштаат во морска авантура за да го спасат исчезнатиот градоначалник Џи Би, на кој еден ден мистериозно му се губи трагата. Филмот е наменет за деца на возраст од 4 до 14 години, истиот е синхронизиран на македонски јазик.
Кино проекција ќе почне во 19 часот, влез 100 денари. Времетраење на филмот е 79 минути.
OhridNews