Ракометарите на Вардар Про го загубија реванш дуелот од романската Решица со 23-18, но благодарение на победата од 6 разлика во првиот меч во Скопје 28-22 се пласираа во полуфиналето од КПК.


Вардарци одиграа далеку под очекувањата, на моменти домаќините имаа и позитива од 8 гола, но на крајот се добро се заврши за “црвено-црната“ чета која по трет пат во својата историја ќе игра во полуфиналето на КПК.

Фото “Дневник“
Ohridnews