Британецот Патрик Слоун, откако наполнил 60 години мислел дека менувањето пелени е позади него. Но, во рок од три месеци тој станал татко, дедо и прадедо.
“Многу се изненадив кога дознав дека на оваа возраст повторно ќе станам татко, но кога дознав дека ќе бидам и дедо и прадедо во многу краток рок, се чувствував неверојатно”, рекол тој.

“Се плашев како ќе реагираат луѓето кога ќе дознаат дека повторно ќе станам татко на возраст на која повеќето луѓе размислуваат за пензионирање, но околината тоа добро го прифати и на сите им беше драго поради нас”, додал тој. 
Најмладиот син на Патрик, Итан се родил во март оваа година, потоа се родил правнукот Мејсон, а 12 дена подоцна се родил и внукот Леонард.
Мајката на Итан, Џоан е 21 година помлада од својот сопруг, тие се запознале во болницата во која работеле, а во 2007 стапиле во брак.
“Знам дека ќе постојат луѓе на кои мојата ситуација ќе им изгледа чудна. Се сложувам дека не е вообичаена, но јас не би се менувал со никого. Итан стана новото светло на мојот живот, а да се добие уште еден внук и правнук во исто време е неизмерна среќа”, рекол Патрик.