Во рамки на тренинг програмата “Овозможување локална демократија и холистички урбан развој преку SymbioCity пристап“, во која партиципира Општина Охрид, со уште седум други градови од Србија, Украина и Турција, Охридскиот тим го работи проектот ,,Нови хоризонти преку унапредена пешачка зона“, кој всушност се однесува на адаптирање на улица ,,Македонија“ во пешачка зона. За таа цел изминатиот период спроведени беа три анкети, кои покажуваат дека граѓаните ја поддржуваат идејата кејот да биде пешачка зона.

Во теренската анкета во која се вклучени 240 лица, од разни профили, на прашањето „Дали градот ќе има придобивки од адаптирање на Кејот „Македонија“ во пешачка зона?“, 190 одговориле со Да, 39 Не, а 12 лица сметаат дека уредувањето на кејот во пешачка зона треба да биде сезонско.

Анкета со истото прашање беше спроведена и на интеренет порталот OhridNews, како и на официјалната веб страна на општината.

 

 


Вкупно со трите анкети, опфатени се 1376 граѓани, од нив 1053 или 76,5% одговориле со Да, а 323 (23,4%) со Не.

Проектот ,Нови хоризонти преку унапредена пешачка зона“, кој се однесува на адаптирање на улица ,,Македонија“ во пешачка зона, се работи на ниво на физибилити студија.

Програмата е во организација на Интернационалниот центар за Локална демократија (ICLD) од Шведска и SKL International – дел од шведската асоцијација на локални управи и региони. Пристапот SymbioCity обезбедува насоки и алатки за поддршка на процесите за одржлив урбан развој, врз основа на идејата предизвиците да се претворат во можности.

OhridNews