При редовна контрола од мобилна единица на Царинската управа кај наплатна станица „Отовица“ на автопатот Велес-Скопје, ноќеска нешто по полноќ, било запрено товарно моторно возило, ,Ивеко’’ со скопски регистарски ознаки, управувано од 28 годишен жител на Марвинци, при што во возилото биле пронајдени 45 лица-мигранти од Пакистан.
Увид на местото на настанот извршила полициска екипа. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информира МВР.
OhridNews