Чистачите кои чистеле комерцијален авион на аеродромот во Калкута во тоалетот на леталото пронашле 24 златни прачки, вредни повеќе од милион долари, соопштиле индиските официјални лица. Авионот е во сопственост на авикомпанијата „Џет Ервејс“, а во Калкута стигнал од Патна, град на истокот од Индија, додека претходно летал на меѓународни дестинации, пренеле агенциите.

Директорот на аеродромот изјавил дека чистачите вршеле рутинско чистење на авионот кога во тоалетот пронашле две торби. Никој досега не се јавил како сопственик на златните плочки тешки еден килограм, а исто така никој сеуште не бил уапсен. Индија, која заедно со Кина е најголем потрошувач на злато о светот, во последно време забележала раст на шверцот на тој метал како последица на зголемените царински давачки за три пати во однос на почетокот на годинава, воведени со цел намалување на големата побарувачка.