Џозеф Хелер (47) од Австрија за влакно избегнал грозна смрт. Огромен камен паднал од една карпа кај викендичката во Св.Гилген каде бил на годишен одмор. Секунда по завршувањето на нуждата излегол, а на тоалетот паднал камен тежок 300 кг.


-Само што ги измив рацете. Кога ја затворив вратата почувствував и чув експлозија. Целата куќа се затресе- кажува Џозеф.
Кога се свртел, видел како масивен камен го срамнал тоалетот со земјата. Насекаде имало вода и гнасотии. Полицијата ја заградила карпата со синџири затоа што постои опасност од нејзино рушење.