Наредните два дена во Тирана Албанија ќе се одржи планирачки состанок за обезбедување засилена Прекугранична сорабока за управување со водните ресурси за трите големи езера во Дримскиот Басен , Охридското , Преспанското и Скадарското. Посебна цел е да се обезбеди прекугранична меѓусекторска соработка во Басенот.
Состанокот е во рамките на поддршката на Германското друштво за соработка (ГИЗ) и проектот за заштита на биодиверзитетот на трите езера.
На планирачкиот состанок , заедничка презентација ќе има Билатералниот секретаријат, а од македонска страна ќе презентира Дејан Пановски кој ќе се осврне на актуелните процеси и иницијативи (Биосферниот резерват на УНЕСКО, Дримскиот проект, проектот за рехабилитација на колекторскиот ситем и проектот за ставање на албанската страна на езерото под заштита на УНЕСКО) , но и на предлог на нови иницијативи и пилот проекти за прекугранична заштита на Езерата.
OhridNews