Во рамки на проектот на Германското друштво за соработка за Заштита на биодиверзитетот на езерата во Дримскиот басен, Охридското , Преспанското и Скадарското езеро ,вчера и денес, во Тирана се одржува работна средба. На средбата преставници на Хидробиолошкиот завод и на Министерствата за животна средина од Македонија, Албанија и Црна гора ги презентираа последните наоди од заедничките анализи на флората и фауната во Охридското езеро и донесената новата легислатива која се ускладува со Рамковната директива за води на Европската Унија.
Од страна на Билатералниот секретаријат за Охридското езеро се истакнаа предизвиците кои претстојат за одржување на статусот на водите на езерото како што се ситуацијата со притоките пред се Сатеска , Грашница ,состојбата со колекторскиот систем околу езерото и статусот на водните живеалишта.
– Признале или не , ние сме директно врзани со состојбата на езерото. Статусот на водите пред се во Охридското езеро ќе ја одреди иднината на градот и регионот. Ако ја сочуваме состојбата барем на сегашно ниво и градот и регионот ќе може да планираат иднина и развој. Доколку се наруши статусот на водите ,ќе се намали и интересот за Охрид ,ќе заврши убавата приказна што дополнително негативно ќе влијае и врз економската состојба и врз емигрирањето од градот и регионот”, истакна на средбата Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за сливот на Охридското езеро.
Финалниот извештај од проектот ќе ја дефинира состојбата и статусот на водите и биодиверзитетот , ќе ја направи иницијална та категоризација на езерата и ќе укаже на потребата од донесување на одлуки за иднината на регионот .
OhridNews