Во главниот град на Албанија, Тирана денеска се одржува Самитот за Западен Балкан – Европска Унија на кој ќе се разговата за миграцијата, како и за соработката и последиците од руската војна врз Украина.
Според податови на Агенцијата за заштита на границите на ЕУ (ФРОНТЕКС) во првите 10 месеци од годината регистрирани се повеќе од 120.000 нелегални гранични премини долж така наречената мигрантска западнобалканска рута.
Европска комисија вчера побара засилување на граничните проверки во регионот, депортирање и воведување на визи за државјаните кои доаѓаат од земји кои не се членки на ЕУ.
На Самитот во Тирана ќе се разговара и за последиците од војната во Украина, вклучително и санкциите на ЕУ кон Русија и интеграцијата на регионот во внатрешниот пазар на ЕУ, на пример, со намалување на таксите за роаминг на мобилни телефони.
Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија и Црна Гора имаат аспирации за влез во ЕУ. Пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија официјално почнаа во јули, откако првпат аплицираа во 2004 односно во 2009 година, а Босна и Херцеговина во 2016 година.
Земјите-лкенки на ЕУ неодамна го поддржаа безвизниот режим за Косово од 2024 година, и се чека одлуката да биде одобрена од Европскиот парламент.
Вархеји од Тирана: Партнерството е тоа што му го нудиме за Западен Балкан
Еврокомесарот проширување и добрососедство, Оливер Вархеји, пристигна во Тирана, каде е пречекан од премиерот Рама, пред Конгресната палатала во која ќе се одржи Самитот ЕУ-Западен Балкан.
Партнерство, тоа е тоа што го нудиме и тоа е причината што овој самит се одржува за првпат на Западен Балкан, изјави кусо Вархеји за медиумите.
OhridNews