Научниците, јапонската и американската телевизија за прв пат снимиле огромна лигња во нејзиното природно живеалиште, на длабочина од 630 метри, околу 1000 километри јужно од Токио.

Лигњата долга три метри била снимена во Тихиот Океан за време на една заедничка експедиција на јапонскиот природонаучен музеј, Јапонската јавна телевизија NHK и американскиот канал Дискавери. Јапонската телевизија објавила фотографии од џиновската лигња, а подоцна и видео, додека Дискавери снимката ќе ја прикаже на 27 јануари.