Вечерва околу 18 часот на улицата “Железничка” се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице.


Според првичните информации од СВР- Охрид до несреќата дошло кога моторцикл- скутер на кој се возеле три лица од улицата “ Абас Емин” свртел на “Железничка” при што удрил во камион.

При тоа, од здобиените повреди на лице место починало едно лице на 30- годишна возраст. Вториот сопатник кој се здобил со тешки телесни повреди и е во животна опасност, е пренесен во Општата болница. Додека пак третото лице кое се наоѓало на скутерот е вон животна опасност и пренесено на лекување во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо.


Екипите на СВР- Охрид вршат увид на лице место и со подетални информации ќе излезат во текот на утрешниот ден.

OhridNews
фото: Васко Бујароски