Вчера во 23 часот и 15 минути, на Булеварот ,,Македонски просветители,, кај ресторанот за брза храна ,,Мекдоналдс,, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад и пукање од сигнален-стартен пиштол.

До нарушувањето дошло во моментот кога меѓу лицата  Н.К. роден 1983 година од Охрид и Ј.Р. роден 1975 година од Белград-Србија настанало недоразбирање и меѓусебна расправија околу редот за чекање пред  ресторанот. Во расправијата се вклучило и лицето В.П. роден 1975 година од Белград-Србија.

Притоа Н.К. физички ги нападнал двете лица удирајќи ги  со стартен – сигнален пиштол  во пределот на челото, градите и десната подлактица. Во еден момент дошло до самоиспукување на куршум од стартниот пиштол при што нема повредени лица.

На лицето Ј.Р. кое по физичкиот напад се здобило со лесни телесни повреди во Општата болница во Охрид му е укажана неопходна медицинска помош.

СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лицето Н.К. од Охрид кое по настанот избегало од местото и е во бегство.

извор СВР Охрид