Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информира дека вчера, во 14 часот и 10 минути, во угостителски објект лоциран на улицата „Кленоец“ кај автобуска станица во Охрид, нарушен бил јавниот ред и мир со тепачка помеѓу три лица.

Во тепачката учествувале две лица на возраст од 50 и 71 година од една страна и 54-годишен охриѓанец од друга страна. Еден од учесниците бил повреден и пренесен во Општата болница во Охрид каде му е укажана лекарска помош.

По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

OhridNews