Информатичкиот експерт Дени Хилс овие денови го реализира својот сон за изградба на часовник кој ќе отчукува во наредните 10 илјади години во планините Сиера Леоне. Хилс оваа изградба почнал да ја планира уште далечната 1989 година, а сега неговиот план се претворал во стварност.


Планот е да вгради часовник во карпите со пречник од 61 метар, до кој би се доаѓало низ долги тунели, како би бил поинтересн за туристите. Механизмот на часовникот ќе биде подесен да отчукува само еднаш годишно, додека ќе ѕвони еднаш на секои илјада години. Симболиката која треба да ја носи часовникот се состои во долгорочното размислување на луѓето за иднината и нивното постоење на земјата.